Англискиот боксер Крис Јубенк Јуниор со прекин во 10. рундае го победи во реваншот сонародникот Лијам Смит.
Мечот, како и претходниот, се одржа во Манчестер арената само со поинаков исход.
Во јануари подобар беше Смит, кој победи со прекин во четвртата рунда.
Крис Јубенк Јуниор минатата недела изјави дека би било потребно чудо да се случи Лијам Смит да ја добие нивната прва средба.
За да го докаже тоа, Јубенк во саботниот меч влезе многу порешително отколку што покажуваше уште од првата рунда.
Трпеливо го градеше патот до победата, а потоа во десеттата рунда доби прилика која ја искористи и ја заврши борбата.
„Ми требаше таа победа“, изјави Крис Јубенк Јуниор и додаде:
„Лијам е воин, а јас навистина сакав да го победам“.
Првите две рунди поминаа во голема борба во која двајцата си разменија одлични комбинации и со тоа најавија уште поголеми возбудувања во продолжението.
Јубенк полека ја преземаше контролата, а неговите удари беа уште попрецизни. Во четвртата рунда аперкат на Крис го собори Смит, но шампионот веднаш стана.
Јубенк продолжи да напаѓа, а потоа погоди одлично лево кроше кое го повреди противникот. Се обиде да ја заврши борбата во петтата рунда, но Смит успешно се одбрани.
Крис продолжи со истиот ритам и во следните рунди, а Лијам почна да успорува поради исцрпеност.
Јубенк ја заврши работата во десетата рунда. По една серија удари судијата го прекина натпреварот.