Поранешниот светски шампион во две тежински категории Артур Абрахам (46-5, 30 КО) во следната борба прв пат ќе боксира во Велика Британија.
37-годишниот ерменско-германски борец на 15 јули во Вембли арена се бори против Крис Јубенк Јуниор (24-1, 19 КО).
27-годишниот Англичанец ја брани ИБО титулата во суперсредна категорија, која ја освои против Рејнолд Квинлен во февруари. Тоа беше шеста последователна победа по првиот пораз во кариерата од Били Џо Сандерс во борбата за појасот на ВБО во средна категорија.
Познато е дека Абрахам надвор од Германија има променливи резултати. Од пет порази во кариерата четири ги доживеа надвор од неговата втора татковина. Последниот, во кој јазагуби ВБО титулата во суперсредна категорија од Гилберт Рамирез се одржа во април минатата година. Потоа постигна две победи. Последната во април оваа година во Ерфурт против Робин Красниќи.