Крис Јубенк Јуниор викендов се среќава со Австралиецот Ренолд Кинлен, но тоа не го спречува Британецот да гледа понапред.
27-годишниот боксер изјави дека негов приоритет останува да му се реваншира на на Били Џо Сандерс, кој му го нанесе единствениот пораз.
„Сандерс, никогаш, никогаш нема да го прежалам. Никогаш нема да ми излезе од ум додека не ја поправам грешката. Треба да го изедначам резултатот“, посочи Јубенк.
Тој се довери дека симнувањето на килограми не му е проблем. За него тоа ќе биде прв меч на тежина од 76 килограми.
„Сакате да ја намалам тежината, да гладувам и да не консумирам јаглехидрати и вода. Утринава се разбудив и јадев јајца со мисиркино. Чувството е прекрасно“.
Британецот зборуваше и за идните планови.
„По денешниот дуел ќе ги преслушам сите. Џејсм де Гејл – го сакам остатокот од неговите заби. Генади Головкин – некои од вас го сметаат за еден од најдобрите во светот, но јас не гледам нешто такво. Ги гледам недостатоците во неговата борба. Имам добар план за него. Головкин – доаѓам по тебе“.