Фјури е единствениот борец во ТОП 50, а поранешниот шампион на УФЦ се втурна во списокот поради мечот со „Каубојот“.
Ја погледнавме листата на Форбс со 100-те најплатени познати личности во 2020 година, а место во атрактивното друштво најдоа и некои познати имиња од светот на боречките вештини.
Така, шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури го зазеде 34-то место на оваа ранг-листа. „Кралот на Ромите“според „Форбс“ заработи 57 милиони долари што го прави најплатен претставник на боречкиот свет.
Конор Мек Грегор е на 53-то место со 48 милиони долари. Славниот Ирец се наоѓа непосредно пред НБА ѕвездите Џејмс Харден и Јанис Антетокоумбо. Мек Грегор годинава се бореше само еднаш, кога го нокаутира Доналд Церорне за 48 секунди. Според Форбс, поранешниот шампион на УФЦ заработил вкупно повеќе од 30 милиони долари за тој меч, а пет милиони му припаднале од договорот со Рибок.
Шампионот на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа е на 57-то место со 47 милиони долари, Дионтеј Вајлдер е две места под него со 46,5 милиони долари, а Канело Алварез се залепи во ТОП 100 со 37 милиони на 91-то место.
Да споменеме и дека најдобро платен спортист на оваа листа е легендарниот тенисер Рожер Федерер. Славниот Швајцарец е трет со заработка од 106,3 милиони долари.
Со 590 милиони на првото место е убедливо реалити ТВ ѕвездата и претприемачка Кајли Џенер, додека втор е Кајне Вест со 170.