Рико Верховен најави враќање во рингот и ќе го предводи настанот Глори 41 Холандија на 20 мај во Ден Бош.
На шампион во тешка категорија, Верховен (50-10, 14 КО), ова ќе му биде првиот меч откако во декември на Глори: Колисион во Оберхаузен го порази Бадр Хари.
Името на противник со кого „Кралот на кикбоксот“ ќе се пресмета се уште не е познат.
„Добри вести! По две години се враќам во Холандија и сите мои холандски навивачи ќе бидат во можност да ме видат во живо во акција“, напиша Верховен преку Инстраграм со фотографија од службениот постер за настанот.
Во Глори 41во неговиот роден град нов настап ќе одработи Робин ван Росмаелн (37-7, 21 КО) кој неодмана се бореше со Ристо Димитров на ФФЦ настанот во Атина, а ќе се бори против 21-годишниот талент од Тајланд, Печпаномрунг Кијатмоока (156-35-2, 25 КО) со кој ќе го предводи делот од програмата Глори Суперфајт серија.
Ван Росмален пордаи падот на падот на мерењето во очи на претходниот меч му беше одземена титулата во категоријата во перолесна категорија, така што сега, наместо одбрана на титулата ќе се обиде да го врати појасот во улогата на прв предизвикувач.