Крафорд три патии го рушеше Кавалијаускас (ВИДЕО)

Теренс Крафорд (36-0, 27 КО) во Медисон сквер гарден во Њујорк ја одбрани титулата на ВБО по трет пат во велтер.

32-годишниот Американец во 9.рунда го нокаутира многу добриот задолжителен предизвикувач Егидиус Кавалијаускас (21-1-1, 17 КО).

31-годишниот Литванец го зададе првиот сериозен удар. Со десен директ во третата рунда го здрма светскиот шампион во три тежински категории кои во тој момент се бореше од контрагард. Крафорд спасот го побара во клинч, а потоа падна на колено, но судијата процени дека нема нокдаун.

Кавалијаускас прв пат се најде на подот во седмата рунда откако „Буд“ го рушеше со десницата во размената на удари.

Крафорд го здрма и пред крајот на осмата рунда, за се да заврши во деветата.

Го испрати Литванецот на подот со десниот аперкат кој следеше по комбинацијата од три удари. „Средната машина“ одговори на броењето, но Крафорд веднаш го рушеше со уште едно десно кроше по што судијата го прекина мечот.

Промоторот на Крафорд, Боб Арум по мечот изјави дека сака неговиот боксер да се сретне со поранешниот светски шампион Шон Портер.

https://www.youtube.com/watch?v=sVp_gqSsuMo&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON