Теренс Крафорд (33-0, 24 КО) со прекин во Лас Вегас го порази Џеф Хорн (18-1-1, 12 КО) и ја освои титулата на ВБО во велтер категорија која тој претходно ја освои со контроверзна одлука на судиите против Мани Пакијао.
30-годишниот Американец кој доминираше во сите рунди на борбата го принуди судијата на прекин во 9-тата рунда, откако Австралиецот претходно имаше броење.
Крафорд со тоа стана светски првак во третата тежинска категорија.
Претходно беше светски шампион во лесна и неспорен светски шампион во суперлесна категорија.
.