Крафорд со низок удар против Амир Хан остана шампион (ВИДЕО)

Теренс Крофорд ја одбрани титулата на ВБО во велтер категорија по контроверзната завршница на мечот со британската ѕвезда Амир Хан, кој се повлече во шестата рунда поради удар под појасот.

Откако прво заврши на подот уште во првата рунда, Хан доби случаен удар во јајца во шестата рунда и заедно со неговиот тренер Вирџил Хантер решија дека не може да продолжи. Американецот Крофорд доминираше во мечот до тој момент и по срдбата изјави дека Хан едноставно решил дека не може да се носи со него.

„Не се откажувам никогаш, подобро да ме нокаутираат. Но, имав многу болки“, вели 32-годишниот Хан.

Фановите во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк на ова реагираа со свирежи. Кога меч ќе заврши поради случајна повреда по комплетирање на четири рунди, се користат оценките на судијата за да се реши мечот, но овојпат беше оценето дека се работи за технички нокаут. Крофорд водеше со 49-45, 50-44, 49-45 кај судиите пред нокаутот.

https://twitter.com/OnSMASH/status/1119822912217845761?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1119822912217845761&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fkroford-ostana-shampion-po-kontroverzniot-nizok-udar-nad-amir-kan-video%2F

https://twitter.com/OTRboxingshow/status/1119816465660559360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1119816465660559360&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fkroford-ostana-shampion-po-kontroverzniot-nizok-udar-nad-amir-kan-video%2F

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON