Амедовски поразен во дебито за УФЦ

Ален Амедовски (8-1, 0-1 УФЦ) е поразен во УФЦ дебито.

Првиот роден Македонец во најсилната светска ММА промоција загуби на Санкт. Петербург со убедлива едногласна одлука на Криштоф Јотко (20-4, 7-4 УФЦ).

Судиите мечот го бодуваа 30-25, 30-26, 30-26.

Амедовски во средината на првата рунда направи добар граунд и паунд, но кога се вратија на нозе доби незгоден удар со лакот од вртење кој го здрма. Потоа Полјакот и го уриваше.

Јотко беше уште подоминантен во втората рунда. Го соборуваше Амедовскипо минута и пол, го доведе во круцификс позиција и гадно го раскравави со ударите со лактот.

Полјакот го рушеше противникот и по осумдесет секунди од третата рунда и да ја контролира борбата до крајот на времето.

Јотко со овој успех ја прекина низата од три порази, додека на Амедовски ова му беше првиот пораз во кариерата.

УФЦ Санкт Петерсбург:

Алистер Оверим Алексеј Олејник (ТКО, Р1)

Ислам Махачев Арман Царукјан (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)

Сергеј Павлович Марсело Голм (КО, Р1)

Роксан Модафери – Антонина Шевченко (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)

Криштоф Јотко Ален Амедовски (едногласна одлука на судиите, 30-25, 30-26, 30-26)

Мовсар Еволоев – Сеунг Ву Чои (едногласна одлука на судиите, 29-27, 29-27, 29-26)

Султан Алиев – Кеита Накамура (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)

Александар Јаковлев Алекс да Силва (сабмишн, гилотина, Р2)

Шамил Абдурахимов Марчин Тибура (ТКО, Р2)

Михал Олексејчук – Гаџимурад Антигулов (КО, Р1)

Магомед Мустафаев Рафаел Физиев (ТКО, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО