Крадци го одзеле преднети од станот на Гане вредни 150 илјади евра додека се борел на УФЦ Фајт најт

Крадци упаднале во домот на Гане во Ноџен-сур-Марн додека тој се борел на главниот настан на настанот во Париз против Сергеј Спивак и одзеле предмети вредни 150.000 евра, пишува Ле Паризиан.

Меѓу украдените предмети освен накит има и часовник Ролекс вреден 130.000 евра.

Полицијата за кражбата добила информација во неделата наутро, а по доаѓањето на местото на настанот потврдила дека се работи за насилно влегување во станот.

Гане го победи Молдавецот Спивак со прекин во втората рунда пред неговите домашни навивачи на настанот УФЦ Фајт најт226.

За Французинот тоа беше 12-та победа во професионалната кариера, која ќе му остане во горчливо сеќавање.

Тоа беше негова втора победа во последните четири меча, а двата порази што ги претрпе беа против Френсис Нгану и актуелниот шампион Џон Џонс.

Тешкашот Том Аспинал побара меч против Французинот, но Гане рече дека сака да почека и да види што ќе се случи меѓу Џонс и поранешниот шампион во тешка категорија Стипе Миочиќ, кој ќе се бори во Њујорк на 11 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON