Клубот за реакно аикидо Нико од Кочани ја проширува својата активност и во другите општини од кочанскиот крај, па така од 2 септември почнува да држи тренинзи и во Облешево – Општина Чешиново-Облешево и во Општина Зрновци, не информира тренерот Николчо Гоцев.
Гоцев истакнува дека во Облешево тренинзите ќе се одржуваат во салата во ОУ„Климент Охридски“ во понеделник и среда од 17 до 18:30 часот, а во Зрновци во ОУ„Синиша Стоилов“ исто така во понеделник и среда од 18:30 до 20:00 часот,
Исто така и Кардио фитнес Нико ја проширува работата во наведените Општини, во Облешево во вторник и четврток од 18:00 до 19:00 часот, а во Зрновци понеделник и среда од 20:00 до 21:00 часот,
Во Кочани Нико ќе работи во вобичаените термини во салата на ОУ„Никола Карев“, вторник и четврток од 19:30 до 21:00 часот и во петок од 21:00 до 22:00 часот, додека тренинзите по карди фитнес се во вторник, четврток и петок од 21:00 до 22:00 часот,
КРА Нико е клуб кој најбрзо се шири и го зголемува своето членство и оваа вештина станува се популарна во источниот дел на Македонија, а Гоцев е убеден дека во овие места има големи таленти за боречките вештини.
Ipon.mk