На задоволство на сите се реши настанатиот проблем во Кочани меѓу КРА Нико и Основното училиште „Никола Карев“ во врска со користењето на спортската сала. На Нико му е овозможено да тренира во салата и тоа во бараните термини, така што најмалдиот спорт во Општина Кочани, реалното аикидо, на задволство на сите ќе се вежба, како и кардио фитнес тренинзите.
Никому не му се потребни проблеми, на спортот мора да се гледа како на спорт и ништо повеќе од тоа.
Со ваков проблемот не се соочи само Нико, таков проблем има и во Гевегелија, каде што на Карате клубот Партизан не му е овозможено да тренира, однонсо да не ја користи салата, а клубот опстојува преку три децении. Во Скопје некои карате клубови го имаат истиот проблем, а Џиу џица клубот Дан кју ги почна тренинзите на 1 октомври наместо на 1 септември, како што било со години наназад.
Сите зборуваме за Европа и европско однесување, но и за врвен спорт и за врвни резултати, а на овој начин нема да ги има.
Мора да се направи една спрега меѓу Министерството за образование, директорите на училиштата, градоначалниците на општините и Агенцијата за млади и спорт, за решавање на парктикувањето на спортот.
Ние како Ipon.mk, предлагаме сите тендери, наддавања да се прават уште во јуни, за да нема главоболки што ќе се случува во септември. На овој начин ќе се знае кој ќе ги користи спортските сали и на 1 септември може да почне со тренинзи, како што е редот во ЕУ.
Мислам дека тие што решија да ги прават салите, Владата и АСМ, нема да се сложат со една теза што ја користат поединци-подобро да не се издаваат салите, за да се зачуваат.
Ако сакаме здрава нација, да и овозможиме тоа и да биде.
ipon.mk/В.Д.