Ковнацки го нокаутира Артур Шпилка (ВИДЕО)

Во дуелот на полските боксери во Њујорк Адам Ковнацки (16-0, 13 КО) го нокаутира поранешниот предизвикувач за титулата светски шампион Артур Шпилка (20-3, 15 КО).

Иако неговото лево око му отекуваше по две рунди, Конвацки прв зададе сериозни удари кои го здрмаа Шпилка на крајот на третата рунда.

Во четвртата сосерија на удари го собори на подот. Поранешниот предизвикувач за појасот на ВБЦ успеа да се подигне, но Ковнацки не губеше време и со нова серија го принуди судијата да го прекине мечот.

„Од почетокот знаев дека го имам. Кога го удрив прв пат во телото знаев дека нема доволно работа за мене. Мојот притисок беше премногу за него. На Дионтеј Вајлдер и Брајант Џенингс им требаше многу повеќе време да го завршат. Но, се уште има некои работи што треба да го поправам“, рече Ковнацки кој како дете со родителите од Полска се пресели во Њујорк.

Шпилка во последната борба во јануари загуби со нокаут во 9 рунда од Дионтеј Вајлдер во борбата за ВБЦ титулата во тешка категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON