УФЦ борецот Колби Ковингтон воопшто не се воздржа во нападите врз ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.
После неговата победа минатиот викенд, Ковингтон му испрати силна порака на Џејмс, нарекувајќи го „слаб спортист“ и „безрбетна кукавица“.
„Дами и господа, ајде да направиме галама. Ако она што го видовте е ќотек, почекајте до 3 ноември, кога Доналд Трамп ќе го пофати заспаниот Џо.
Сакам победата да ја посветам на сите полицајци, медицински лица, пожарникари и војската. Овој свет не би бил ист без вас, кои не чувате безбедни, а не како овие слаби спортисти. Уморен сум од овие плашливи безрбетници како Леброн Џејмс. ”
По оваа изјава, многу ѕвезди на НБА на социјалните мрежи се вклучија во одбрана на Леброн Џејмс, само тоа дополнително го разгоре ентузијазмот на Ковингтон.
„Леле, снегулките кои веруваат дека кралот Џејмс може да издржи дури и 10 секунди со мене! Ако таа кукавица имаше мадиња или можност да удринечиј задник, Делонте Вест ќе ги изгубеше забите многу пред неговата навика за метамфетамините!,
LOL at the snowflakes that believe @KingJames could even last 10 seconds with me! If that coward had the balls or the ability to kick anyone’s ass, Delonte West would’ve lost his teeth long before his meth habit! pic.twitter.com/TQZ56FBnt1
— Colby Covington (@ColbyCovMMA) September 22, 2020
Ковингтон се закачи за гласините од 2010 година, според кои Вест, поранешен соиграч од Џејмс, имал интимни односи со мајка му.