Ковингтон покажа како изгледал по нападот на Масвидал во кој остана без заб (ФОТО)

Хорхе Масвидал го нападна Колби Ковингтон во ресторан во Мајами кон крајот на март, удирајќи го неколку пати, избивајќи му го забот и оштетувајќи му го часовникот „Ролекс“.

Ковингтон успеа да избегне поголем конфликт и повика полиција која го уапси Масвидал.

Адвокатите на Хорхе во понеделникот бараа докази кои можат да потврдат дали забот на Колби е навистина избиен, а неговиот скап Ролекс оштетен.

Се појавија фотографии од лицето на Колби и оштетениот рачен часовник кои веднаш завршија на социјалните мрежи.

„Лицето на фотографиите нема видливи повреди, освен што неговите вештачки заби се благо испукани. Собраните докази се во спротивност со претходните изјави на жртвата. Тој рече дека нападот се случил одзади, а снимките докажуваат дека бил со напаѓачот лице в лице. Го погледнал обвинетиот и избегал откако го добил ударот“, вели адвокатот на Масвидал, Бредфорд Коен, и истакнува дека повредите на главата на Колби, на кои се жали, може да бидат последици од неговата работа, бидејќи тој е професионален борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON