Колби Ковингтон – еден од најдобрите УФЦ борци во велтер категорија, не му се допаѓа тоа што Хабиб на заминува во „пензија“ на начинот како што го направи тоа, по поведата над Џастин Гејџи, кога порача дека ја завршува кариерата и дека тој е најдобриот борец, нештоа што на многумина не им се допадна.
„Само „пи.ки“ симнуваат килограми за борба. Го велам тоа за вашиот најдраг борец. Ако морате да симнувате килограми, тогап сте `пи.ка`и крај. Зошто луѓето тоа го прават и бараат предност да се борат против помали луѓе? Затоа што не смее да дојде во вистинската категорија. Јас сум вистинската причина што никогаш не се осмели да се бори до 77 килограми, бега од мене. Поради тоа Хабиб се бори со „џуџиња“ и луѓето му се воодушевуваат. Природно има 86 килограми и е поголем од мене, но не е вистински маж да се бори во својата категорија“, вели Ковингтон.