Ковингтон го нарече Масвидал „најуплашеното копиле“

Колби Ковингтон смета дека угледот на Хорхе Масвидал како „најлошото копиле“ е само фасада.

Ковингтон и Масвидал, кои некогаш беа соборци во американскиот Топ тим, тргнаа по поинаков пат и скандалозно го прекинаа пријателството. Колби изјави дека Масвидал ги користел луѓето, а Масвидал го обвини дека не му плаќал својот тренер.

Ковингтон се појави на БЈПен Радио, каде што рече дека Масвидал прави сé што е можно за да избегне борба меѓу нив.

„Знам дека Дана Вајт сега има расправија со „Јудата“ Масвидал. Дана, знаеш на кого да се јавиш. Повикајте ме. Ќе го завршам. Ќlе го испратам во мртовечница. Нема да се бори повеќе. Ја има титулата за “Најлошто копиле“, но, тоа не му е вистинската титула. Тој е трофеј за учество. Тој, всушност, ја носи титулата „Најплашилвото копиле“. Не станува збор за пари, туку за страв“.

Масвидал ја зазеде титулата „Најлошото копиле“ во ноември 2019 година, совладувајќи го Нејт Дијаз со ТКО во третата рунда. Тогаш очекуваше борба со шампионот во средна категорија Камару Усман, но преговорите не завршија. Масвидал рече дека му биле понудени само половина од парите што ги заработил во битката со Дијаз. На крајот, УФЦ му закажа меч на шампионот против Гилберт Барнс во УФЦ 251 на 11 јули.

Ковингтон јасно стави до знаење дека има само два меча за кои е заинтересиран – реваншот со Усман и битката со Масвидал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО