Трикратниот светски шампион во тешка категорија Сергеј Ковалев (34-4-1, 29 КО) планира да ја крене тежината.
„Ќе се подигнам во леснотешка категорија. Ќе започнеме со тренинзи за еден месец“, изјави неговиот тренер Буди Мек Грит за „УС Тодеј“.
Тренерот постави еден услов при одлуката да се крене од 79,4 килограми на 90,7.
„Додека е на 84 килограми тоа е добро. Му реков не повеќе од 84. Тој може да дојде и со 81-82 кг и да ги победи тие момци. Ќе биде лесен, но тоа е добро“.
36-годишниот Русин во последната борба по поразот со нокаут во 11 рунда во ноември од Канело го загуби појасот на ВБО во полутешка категорија.
Откако до неодамна неоспорниот владетел во леснотешка категорија Александар Усик ги испразни титулите, по поминувањето во тешка категорија, ВБЦ појасот ги освои Илунга Макабу, ВБА шампион е Арсен Гуламиријан, ИБФ Јуниел Дортикос, додека титулата во ВБО моментално е изпразнета откако на Маирис Бридис организацијата му го одзеде појаост по контроверзната победа над Кришоф Гловацки.