Светскиот шампион во полутешка категорија на ВБА, ВБО и ИБФ, Сергеј Ковалев, изјави дека на мечот со Андре Ворд би сакал да биде испратен до рингот од претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Би сакал да излезам во друштво на рускиот претседател Владимир Путин до рингот пред борбата со Андре Ворд. Тој е голема личност и многу чист човек. Тој е најпознатиот човек на светот.
Не знам дали идејата ќе му се допадне, но јас ќе бидам многу среќен ако се случи.
Владимир Владимирович Путин, јас сум тука и се борам за Русија“.
Ковалев и Ворд ќе се сретнат на 19 ноември во Лас Вегас.