Светскиот шампион во полутешка категорија во бокс на ВБА/ВБО/ИБФ, 32-годишниот Русин Сергеј Ковалев ја коментира претстојната борба против Канаѓанецот Жан Паскал.
„Треба да бидам многу внимателен, бидејќи Паскал е многу опасен. Издржува многу удари, има здрава глава. Можеби затоа нема мозок во неа“.
Реваншот меѓу Ковалев и Паскал ќе се одржи вечерва во Монтреал, Канада. Во првата средба во март минатата година, Ковалев го нокаутираше Паскал во осмата рунда.