Ковалев обвинет за нелегално емитување на Канело-Калум

Поранешниот светски шампион во полутешка категорија Сергеј Ковалев се замеша во голем скандал.

Русинот е обвинет за нелегално емитување на Интернет на мечот меѓу Сол Алварез – Канело и Калум Смит во кој победи мексиканската суперѕвезда. Според новинарот Мајк Копингер, платформата ДАЗН, која нудеше платен пристап до мечот, размислува да го тужи Ковалев.

„Сопствениците на услугата за емитување на мечот добија сигнал и се крајно разочарани од однесувањето на Ковалев, потврдија извори“, напиша Копингер.

Сè уште нема официјална потврда ниту од менаџерот на боксерот, ниту од ДАЗН. Интересно е што следната броба на Ковалев – на 30 јануари против Бектемир Меликузиев, ќе ја пренесува ДАЗН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON