Сол Алварез – Канело презема голем ризик во обидот да освои нова титула во нова категорија. Мексиканскиот боксер ќе се сретне со шампионот на ВБО во лесна категорија Сергеј Ковалев на 2 ноември во Лас Вегас.
Ковалев се врати во врвниот бокс откако многумина во 2016 и 2017 година сметаа дека завршеил со боксот по двата последователни порази од Андре Ворд.
Од тогаш, сепак, Ковалев има добиено 4 од 5 борби.
Русинот смета дека првата победа на Ворд му ја поклониле судиите, а во втората користел недозволен удар.
„Веќе имам искуство и се борам многу попаметно“, рече Ковалев и додаде: „Оваа битка ќе биде многу поневеројатна од сите досегашни.
Канело е одличен борец. Сакам да се борам со вистински борци. Не како Ворд. Ова ќе биде мојата најголема борба. Канело е еден од најдобрите и јас сум најдобар во својата категорија. Ќе биде многу интересно“.