Покрај успешниот настап и пласман во финалето на Емил Павлов на Светското карате првенство во Дубаи, денеска настапија и Вероника Костовска и Јована Георгиева. Всушност, Костовска служебено ја изгуби борбата, бидејќи била позитивна на ковид тестот, а Георгиева извојува победа во првото коло, но второто претрпе висок пораз.
Сепак, Георгиева може да се надева на нешто повеќе, ако Узбекистанката Севинч Рахимова која ја совлада со 1-11, се пласира во финалето
На СП ќе настапат 1054 натпреварувачи од 117 држави.
Резултати Светско првенство:
-60 кг Фаик Весели – Алекс Џинеста (САД)
-67 кг
Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција)
жени
-50 кг
Сара Радичевска – Јуна Цуки (Филипини)
-55 кг
Јована Георгиева – Видад Драу (Алжир) 3-0
Јована Георгиева – Севинч Рахимова (Узбекистан) 1-11
-61 кг Вероника Костовска – Жаклин Фактос (Еквадор) 0-0