КК Кеикс под водство на поранешниот европски шампион за јуниори Елвир Куртановиќ почна со подготовките за претстојната сезона. На првата прозивка беа европскиот шампион, Вероника Костовска и сениорскиот репрезентативец Дејан Црничиќ, кој се подготвува за Карате 1 Премиер лигата на 5 и 6 септември во Истанбул, Турција.
Тренерот Куртановиќ очекува екипата да се комплетира во текот на викендот, бидејќи во тек се и подготовките за Државното карате првенство на кое очекува успех на неговите натпреварувачи.
ipon.mk/В.Д.