Коста: Бев пијан на мечот со Адесања

Пауло Коста откри неосомнена причина што одигра клучна улога во поразот на неговиот најголем меч во ММА – оној за титулата во средна категорија против Израел Адесања.

Во септември минатата година тој загуби со нокаут во втората рунда, а сега посочува на недостатокот на сон пред мечот како една од причините за овој резултат. Половина година по судирот во Абу Даби, „Борачинја“ призна дека ноќта пред мечот испил шише вино за да заспие.

„Бев малку пијан кога се борев, можеби имав мамурлак. Не можев да спијам поради грчеви во нозете. Запомнете дека натпреварот беше во 9:00 часот по локално време. Морав да станам во 5:00 часот, да се истегнам, да ги преврзам рацете. УФЦ ни рече да станеме во 5:00 часот наутро и да се бориме. Не можев да спијам до 2:30 часот. Тоа беше моја вина и не обвинувам никого, решив да го направам тоа. Но, го сторив тоа за да заспијам, бев буден 24 часа, пиев вино, премногу вино за да се онесвестам. Пиев чаша, но не ми помогна. Две – пак не помогнаа. Половина шише – ништо. На крајот го испив целото“, призна Коста.

https://www.youtube.com/watch?v=8PGWrITsxPw&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON