Четирикратниот шампион во НБА-лигата Шекил О’Нил покажа желба да инвестира дел од своите пари во Бокс со голи раце/ Bare Knuckle Fighting Championship (БКФЦ). Шек минатиот петок беше на настанот на БКФЦ Накелманија и доаѓајќи во Мајами го искористи за деловна средба со раководството на промоцијата.
„Овие се најдобрите и најсилните спортисти на светот, тие не користат ракавици. Тоа е иднината на боречките вештини. Вистинските борби треба да изгледаат точно така“, изјави Шекил О’Нил.
Интересот на кошаркарската легенда за боксот без ракавици го коментираше и претседателот на промоцијата на БКФЦ, Дејвид Фелдман. Тој посочи дека раководството на промоцијата брзо се согласила со О’Нил, а наскоро може да се потпише договор за деловна соработка.
„Сега со нас е една од најбараните спортски личности. Кој не знае за Шек? Тој сега ќе биде дел од нашата организација и ќе направи многу за сите што сакаат да ни се придружат“, нагласи Дејвид Фелдман.
Сè уште не е познато за каква соработка станува збор и каква улога ќе игра Шекил О’Нил.