Кормиер заработил големи пари за спасување на УФЦ 230

Кога трбаше да се спаси настанот во њујоршкиот Медисон сквер гарден во почетокот на ноември УФЦ го повика Даниел Кормиер.

ДК четири месеци претходно со нокаут против Стипе Миочиќ стана шампион во две тежински категории и немаше намера да се бори.

Сепак, го прифати дуелот со Дерик Луис, кој го заврши прилично лесно со давење од позади во втората рунда.

„Немав намера да се борам на овој настан, но понудата беше доволно добра за да ја одбијам. Искрено, никако не можев да ја одбијам“, зборуваше тогаш Американецот.

Откриено е дека се работи 4 милиони долари.

Кормиер рече дека за време на тренинг-кампот мрднал и го повредил грбот, поради што ја разгледувал опцијата за откажувањето на борбата.

Промоцијата за УФЦ 230 заработи 2. 841.718 долари од билети и продаде околу 250.000 ППГ преноси по цена од 55 до 65 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON