Кормиер за третата пресметка со Миочиќ: Се или ништо!

Поранешниот шампион во тешка и полутешка категорија Даниел Кормиер ги ги кажа првичните впечатоци за мечот на 15 август меѓу него и Стипе Миочиќ.

„Тоа е борба за целата слава. Сега сме 1-1 со него – еден нокаут за секоја голема борба. Не можам да дочекам да се борам против овој другар. Сега е време да тренирам посилно од кога било”.

Тие се сретнаа за прв пат во 2018 година, кога Кормиер беше шампион во полутешка категорија и се пресели во тешка категорија за да го предизвика Миочиќ за неговата титула. На овој меч Кормиер победи со нокаут во првата рунда и стана шампион во две категории.

Кормиер тогаш ја одбрани титулата со победа над Дерик Луис и имаше реванш со Миочиќ во 2019 година. Тогаш тој почна доста силно, но беше запрен од Хрватот во четвртата рунда, иако до тој момент ја добиваше борбата на поени.

Оттогаш, третиот дуел меѓу нив беше честа тема. Победникот на овој меч ќе биде прогласен за најдобар во тешка категорија на денешницата.

Оваа битка се очекува да биде последна во кариерата на Кормиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО