Кормиер се предомисли!? Стипе можеби сепак ќе добие реванш (ВИДЕО)

Иако по УФЦ 226 се чинеше дека Стипе Миочиќ сигурно ќе остане без можноста да се реваншира на Даниел Кормиер, работите сега изгледа малку подобро за поранешниот шампион.

„Со Брок Леснар ќе биде мојот последен меч. Тоа ќе биде мојата последна битка во кариерата“, зборуиваше не така одамна ДК, а во разговорот за ТМЗ спорт да ја отвори можноста за реванш со Стипе.

„Не знам, мислам дека ќе се борам со Брок Леснар“, прво за TМЗ ја прокоментира прозивката на Миочиќ, за да на прашањето за реванш меч да одговори со – можеби.

Не може точно да знаеме дали Кормиер само го смирува незадоволниот и упорен Стипе кој е најуспешен тешкаш во историјата на промоцијата дефинитивно заслужи уште една шанса или навистина размислува за уште еден меч пред да ја заврши кариерата.

Да потсетиме дека ДК неколку пати повтори оти сигурно ќе се пензионираат до 20 март следната година, а бидејќи средбата со Леснар, заради неговата приказна со УСАДА, најрано може да се случи на 8 јануари, значи дека размислува или за два меча во многу краток временски период или за продолжување на кариерата …

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО