Кормиер му предлага на Пориер борби со Волкановски и Ковингтон

Даниел Кормиер верува дека само голема борба може да го поттикне Дастин Пориер да се врати во кафезот на УФЦ.

Поранешниот шампион смета дека добра опција би била борбата со Александар Волкановски или Колби Ковингтон. На 1 јуни на УФЦ 302 Дастин Пориер се бореше за појас во лесна категорија против Ислам Махачев и загуби. Пред борбата Пориер беше отворен за фактот дека ова не само што може да биде негов последен напад на титулата, туку може да биде и негова последна борба во ММА.

Во интервју во кафезот веднаш по борбата тој остана на тие зборови, но не даде јасен одговор на прашањето за крајот на кариерата. Кормиер, поранешен шампион на УФЦ, би сакал Пориер да продолжи да се бори, но сфаќа дека ќе му треба охрабрување за да се натпреварува.

Во видеото објавено на неговиот Јутјуб канал на, Кормиер рече:

„Не знам точно што, но мора да биде нешто големо за Дастин да сака повторно да се бори. Александар Волкановски рече дека би бил подготвен да се бори со Дастин. Второто име може да биде Колби Ковингтон. Отсекогаш имало ривалство меѓу нив. Би сакал да ги видам тие двајца како се борат“, рече Кормиер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dustin Poirier (@dustinpoirier)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON