Кормиер: Јас сум еден од најдобрите во историјата

Поранешниот двоен шампион во УФЦ, Даниел Кормиер, верува дека не постои начин еден борец да биде најдобар во историјата на ММА. Ова е тема што ги возбудува многу борци и навивачи и сите имаат поинакво мислење.

Неодамна, легендарниот Жорж Сент Пјер изјави дека нема најдобар ММА борец, затоа што секогаш ќе има некој што може да ве победи. Се чини дека Кормиер го има истото мислење, а според него, секогаш ќе има некои врвни борци кои се издвојуваат од останатите. 41-годишниот ветеран, кој годинава ќе ја заврши кариерата, смета дека тој е меѓу најдобрите.

„Ако морам да изберам борец кој направил сé по вистинскиот пат, тогаш ќе го одберам Демитриус Џонсон. Тој многу пати ја бранеше титулата и секогаш беше подготвен. Неговите настапи станува се подобри со секоја следна борба.

Немаше грешки кај него и тој е еден од најдобрите во историјата. Мислам дека кога станува збор за најдобриот во ММА, не можете да застанете на еден борец. Треба да погледнете сите и мислам дека секогаш ќе има 5-6 борци кои долго време се на врвот. Мислам дека сум еден од тие борци“, изјави Кормиер.

Кормиер забележа 22 победи, 2 порази и 1 НЦ во кариерата. Тој стана шампион во полутешка и во тешка категорија и дефинитивно секогаш ќе се рангира меѓу најдобрите во ММА.

https://www.instagram.com/p/B9kHcRHBvqL/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО