Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Даниел Кормиер (22-3) смета дека шампионот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања (23-1) е платен околу 7 милиони долари, Хабиб Нурмагомедов околу 10 милиони долари, а Конор Мек Грегор околу 15-20 милиони.
„Израел Адесања добива околу 7 милиони долари по борба. Мислам, 5-7 милиони. Хабиб Нурмагомедов, веројатно, добил околу 10 милиони, а Конор Мекгрегор околу 15-20 милиони.
Ве плаќаат додека влегувате во соблекувалната. Веднаш во соблекувалната ти даваат чек од 3, 4, 5 милиони долари. Само ти го фрлаат во грб“, изјави Кормиер за подкастот за The Pivot.
Адесања го победи Џаред Канониер (15-6) со едногласна одлука (49-46, 50-45, 49-46) на 3 јули на УФЦ 276 во Т-Мобиле арената во Лас Вегас, САД.
Нурмагомедов ја заврши кариерата на 24 октомври 2020 година кога го победи Џастин Гејџи (23-4) на УФЦ 254. Хабиб ја задржа титулата во лесна категорија и остана непоразен.
Мек Грегор последен пат загуби во првата рунда TKO од Дастин Пориер (28-7) на 10 јули 2021 година на УФЦ 264 во Т-Мобиле арената во Парадајс, САД.