Кормиер до Хабиб: Татко ти би бил горд на тебе

Даниел Кормиер посвети објава на Хабиб Нурмагомедов.

Двајцата се поранешни соборци од АКА во Калифорнија. Кормиер и Хабиб се во пензија и не се натпреваруваат активно во спортот. Нурмагомедов патува низ светот и се занимава со разни бизниси. Кормиер, пак, работи како коментатор и аналитичар за УФЦ. Минатиот викенд тие се сретнаа за прв пат по година ипол.

Кормиер беше коментатор на УФЦ 302 кој се одржа во Њу Џерси. Нурмагомедов, пак, беше во аголот на Ислам Махачев, кој го победи Дастин Пориер за да ја одбрани титулата во лесна категорија. За време на настанот се сретнаа Нурмагомедов и Кормиер.

„Го немав видено мојот помал брат 18 месеци. Беше многу добро што го видов. Сум видел како овој човек расте од дете до светски шампион кое не зборува англиски, тренер и татко од светска класа. Татко ти би бил горд на тебе, дете. Мило ми беше што те видов шампиону, ми недостигаше“, напиша Кормиер.

Нурмагомедов и Кормиер заедно тренираа во АКА 8 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel “DC” Cormier (@dc_mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON