Штом го победи Стипе Миочиќ и ја освои титулата во тешка категорија беше најавена борба меѓу Даниел Кормиер и Брок Леснар.
Но, се чини дека има некои проблеми, како што е случајот на исчезнатиот допинг тест, кој го попречува враќањето на поранешниот шампион на УФЦ и на суперѕвездата на ВВЕ во ММА.
Откако Џон Џонс се врати со победа против Александар Густафсон и ја освои титулата во полутешка категорија што ја ослободи ДК и трет меч со Џонс е опција за актуелниот шампион во тешка категорија.
Но, 39-годишниот Американец гостувајќи на „ММА час“ рече дека поскаува реванш со Миочиќ, кој не се борел од поразот во јули.
Ситуацијата во тешка категорија за ДК, кој најави и брзо пензионирање, ја комплицира и враќањето на неговиот пријател Каин Веласкез што ќе се случи на 17 февруари против Францис Нгану и се очекува дека победникот би можел да ја добие следната борба за титулата во тешка категорија, а јасно е дека Кормиер нема да се бори со Веласкез.
„Ако не е Брок Леснар, сакам да се борам против Стипе Миочиќ и да му го дадам она што е праведн, а тоа е реванш за титулата“, рече Кормиер.
Миочиќ е рекордер на УФЦ во тешка категорија со три последователни одбрани на титулата.