Кори Сандхаген ја забележа најголемата победа во кариерата против поранешниот шампион во лесна категорија Френки Едгар на УФЦ Фајт најт 184.
Нивната борба беше во петел категорија и заврши уште пред да започне.
На почетокот Френки се обидуваше да го притисне и да го брка противникот. Тоа беше грешка на Едгар, затоа што го погоди летечко колено на Кори со кое го нокаутира. Нивната битка заврши за 28 секунди.
Со оваа победа, Кори влезе во серија од две последователни победи и скоро сигурно заслужи шанса за титулата. Едгар, пак, им се врати на поразите и победи само во една од последните четири борби во УФЦ.