Американската пресметка меѓу Кори Сандхаген и Роб Фонт беше предводник на интересен настан на УФЦ на ЕСПН 50 што се одржа во Бриџстоун арената во Нешвил.
Сандхаген доминираше во многу атрактивен меч и со едногласна одлука на судиите го совлада Фонт, кој влезе како замена за Умар Нурмагомедов.
Имено, Дагестанецот поради повреда ја откажа борбата.
Ова беше трета победа во низа за Сендмен по двата порази од Т.Ј. Дилашоу и Петар Јан.
Во конасловната борба непоразената Американка Татјана Суарез (10-0) со гилотина во втората рунда ја совлада Бразилката Џесика Андраде и ѝ го нанесе третиот пораз во низа.
Дастин Џејкоби го победи Кенеди Нзечукву со прекин во првата рунда, додека Диего Лопез го победи Гевин Такер со завршница во 98 секунди.
Американско-српскиот борец Алекса Чамур по двегодишна пауза се врати во октагонот на УФЦ.
Алекса ја загуби третата борба по ред. По Вилијам Најт и Николае Негумереану, подобар од него беше Танер Босер.
A clean sweep for @CorySandhagen 👏 #UFCNashville pic.twitter.com/DDBKXUDiok
— UFC (@ufc) August 6, 2023
The @CorySandhagen gameplan tonight is clear and effective! #UFCNashville pic.twitter.com/DFiM5FwfRZ
— UFC (@ufc) August 6, 2023
Резултати од УФЦ на ЕСПН 50:
Кори Сандаген – Роб Фонт – едногласна одлука (50–45, 50–45, 50–45)
Татјана Суарез – Џесика Андраде – завршница (гушење со гилотина), Р2 (1:31)
Дастин Џејкоби – Кенеди Нзечукву – ТКО (удари), Р1 (1:22)
Диего Лопез – Гевин Такер – завршница (лост), Р1 (1:38)
Танер Босер – Алекса Чамур – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Лудовит Клајн – Игнацио Бахамондес – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Воведни борби:
Кајлер Филипс – Раони Барселос – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Карлстон Харис – Џеремаја Велс – техничка завр. (давење анаконда), Р3 (1:50)
Били Кварантило – Дејмон Џексон – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Коди Дурден – Џејк Хедли – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Шон Вудсон – Денис Бузукја – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Асу Алмабаев – Оде Озборн – завршница (гушење од позади), Р2 (3:11).