Кори Андерсон го имаше своето деби во Белатор. Поранешниот борец на УФЦ се сретна со искусниот ветеран Мелвин Манхоф во главната битка на Белатор 251 во тешка категорија во Конектикат. Андерсон победи со прекин во втората рунда.
Андерсон во мечот влезе со својот стил со многу уривања и граунд и паунд. Манхоф не можеше да одолее на нападот на Кори кој го собори на партер и го притискаше. Андерсон успеа да реализира многу повеќе удари од неговиот противник.
Првиот рунда ја диктираше Кори. Во втората повторно се потпре на својата стратегија, која, очигледно, успеа. Андерсон однесе борбата на партер и притоа зададе силни удари со лактите на Манхоф и го повреди. Мелвин беше во дефанзивна одбрана, а судијата ја прекина борбата во средината на втората рунда.
Со оваа победа Кори им се врати на победите откако беше поразен од Јан Блахович. Андерсон победи во пет од последните шест борби и се доближи до титулата во категоријата. Мелвин, пак, ја загуби серијата од две последователни победи.
Белатор 251 – Резултати:
Кори Андерсон – Мелвин Манхоф со ТКО 2, 2:34
Тајрел Фортун – Саид Соума со одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28)
Остин Вандерфорд – Винисиус Де Хесус со одлука на судиите (30-26, 30-27, 30-27)
Дерек Андерсон – Килис Мота со КО 2, 4:27
Прелиминарни борби:
Георги Караханјан – Брис Логан со одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28)
Јулиус Англикес – Алекс Полици со одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Ayенеј Хардинг – Џеси Миле со одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Али Зебијан – Пјанки Цимерман со одлука на судиите (29-28, 30-27, 30-27)
Ayејлон Бејтс го – Џо Супино со одлука на судиите (30-25, 30-27, 30-27)
Сумико Инаба – Џесика Руиз со ТКО 1, 4:59