Корејското Зомби сака борец од топ 4

Чан Сунг Јунг се врати во кафезот и повторно ги импресионира фановите. „Корејското Зомби“ го нокаутира Ренато Мојкано, кој беше седум места пред него на рејтинг листата во перо категорија. Јунг победи на 5 од последните 7 борби и на секоја од нив заработи бонус.

Тој е многу атрактивен борец и сега сериозно ќе напредува на листата. Целта му е титулата и сака битка со топ 4 борец во категоријата.

„Како борец дефинитивно ви помага да бидете во низа од последователни победи и обратно, кога си во губитничка серија. Подготвен сум да се борам со топ 4 борец и не ми е важно кој ќе биде. Подготвен сум да прифатам некој кој ќе биде пред мене на ранг-листата. Ова ќе биде чекор напред кон титулата и јас сум подготвен.

Сега, најверојатно, Јунг зазеде петото место, односно ќе го истисне Мојкано, а пред него ќе бидат Френки Едгар, Жозе Алдо, Брајан Ортега и Александар Волкановски.

https://www.instagram.com/p/BzF2HvsFPzo/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON