Кординативна средба на МОК и АМС

Денеска Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Агенцијата за млади и спорт одржаа координативен состанок во просториите на МОК.

МОК го претставуваа претседателот д-р Васил Тупурковски, генералниот секретар Сашо Поповски и спортскиот директор Владимир Богоевски,  а АМС директорот Дарко Каевски и советникот за спорт на претседателот на Владатаа, Даниел Димевски. Тие разговараа и се договорија за партнерски однос за многу заеднички координирани акции и програми за унапредувањето на спортот во Република Македонија.

Посебен акцент се стави на поддршката на Владата на Република Македонија и АМС на МОК, во однос на изградбата на Олимпискиот дом, изработка на Национална стратегија за спорт, партнерство и координација на заеднички активности за едукација на тренерскиот кадар и спортската администрација како и за многу други теми за унапредување на спортот во нашата земја.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON