Контрадемант на тренерот Бошко Заборски за селекторот Александар Кузмановски: „Ем шуто ем боде“

„Карате клубот „Макпетрол“ и тренерот Бошко Заборски, неодамна реагираa за дебаклот и катастрофално лошиот настап на сениорската карате репрезентација на Македонија на неодамна одржаното Светско првенство во Будимпешта и претходно одржаното Европско сениорско првенство. Прикажаните резултати беа под секое ниво, за кои директно го обвини селекторот Александар Кузмановски и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби. Се побара одговорност за неуспешниот период на стагнација на сениорскиот тим и се посочи дека резултати нема да има КФРСМ, ако веднаш не се престрои и направи итно промени во водечкиот дел на тренерскиот и селекторскиот кадар, таканаречен стручен тим на КФРСМ, каде што предводници се селектори на сениорскиот тим и тимот помлади сениори (У21). Да напоменеме дека во тој стручен тим, во моментов не се вклучени најдобрите тренери и клубови, оние од кои во најголем број е составена репрезентацијата, а тоа се клубовите „Макпетрол“ – Скопје и „Штип“ – Штип“, се истакнува во контрадемантот.

„Во демантот испратен од страна на селекторот Александар Кузмановски забележително е дека тој не дава никакви стручни согледувања за лошиот настап на репрезентацијата за што беше посочен како најголем виновник, тој во отсуство на аргументи не направил никаква анализа за направениот неуспех и што е најтрагично целата вина за неуспесите на репрезентацијата ја става на клупските тренери, иако репрезентацијата работеше цело време по негова а не по клупска програма за подготвување и ИО на КФРСМ овој пат во целост му ја подржа програмата“, се вели во контрареакцијата на Заборски и нагласува:

„За наводите изнесени за стручниот тим,тој вели дека најдобри тренери ја водат селекцијата и тој без никаков респект кон другите тренери кажува дека е најдобро рангиран тренер. За ова свое тврдење кое е невистинито повторно ме принудува да го демантирам со следново излагање.

Тој ги прикрива објективните факти дека селекторот на помлади сениори (У21), селекција која е веднаш до сениорската и во некои категории тие возрасно сенадополнуваат, селекцијаво која за селектор е избран Мартин Несторовски, тоа е млад неискусен тренер, кој воопшто не работел и не се докажал како тренер ни во клуб, нема своја спортска салаи нема освоено ни еден пионерски медал на државно првенство а да не зборуваме за освојување на европски и светски медали. Затоа пак Мартин Несторовски без ни еден одржан тренинг со спортистите Витомир Трајковски и Стефан Стојанович (Макпетрол), беше награден со 3500,00 евра, за освоените европски бронзени медали на овие спортисти на последното европското првенство Ларнака, Кипар за (У21).

Потоа Александар во својот демант,повторно дава лажно преставувањеи без никаква грижа на совест го присвојува трудот кој со години го вложуваат клупските тренери Сашко и Жарко Арсовски, имено врши присвојување на највисокиот сениорски резултат кој е постигнат, тој тврди дека резултатот што го постигнал спортистот Емил Павлов (Штип)(Светски сениорски медал Дубаи, ОАЕ) е направен по негова заслуга, иако за тој резултат тој нема ни еден ден стручна активност или пак одржан тренинг со овој врвен спортист, бидејќи по дадената оставка на актуелниот екс селектор Сашко Арсовски тој дојде како ВД селектор и стапи на таа должност два дена пред тргнување на светското првенство, не беше ни избран за ВД селектор немаше време да се избере.Но затоа пак потоа бесрамно се кити со туѓата пот и мака ја зема наградата од 5000,00 евра за врвен спортски резултат кој поради лошиот правилник АМС (Агенцијата за млади и спорт). му ја доделува. Ваквата пракса продолжи потоа и за бронзениот сениорски медал на Петар Спасеновски (Макпетрол),врвен спортски медал освоен од европско сениорско првенствово Турција, Газиантеп, селекторот Александар Кузмановски не одржа ни еден единствен тренинг со овој спортист а ја зема повторно наградата од 5 000,00 евра од АМС. Александар Кузмановски како по некое правило неправедно е награден повторно и тоа не е крај, овој селектор награден е бесрамно со 3500,00 евра и за двата освоени Светски сребрени медали во Коња, Турција (У21), први во досегашна карате историја на Витомир Трајковски и Стефан Стојанович (Макпетрол).

Вториот медал за кој тој тврди дека по ранг е најголем историски успех го освоил на Младинска Олимпијада каде учествуваа најдобри 8 спортисти од цел свет, медал освоен во јуниорска конкуренција е за поздравување, но само да споменеме дека “Макпетрол” оваа година освои исто таков медал во Топ 8 спортисти во Ријад, Саудиска Арабија на Светски игри на Боречки спортови со Витомир Трајковски и тоа во поголема возрасна категорија (У21). Претходно Наташа Илиевска исто од Макпетрол освои бронзен медал во Пекинг, Кина на Светски игри во сениорска конкуренција во Топ 8 спортисти во свет.

Александар очигледно не знае самостојно да се рангира каде му е местото. Иако тој нема во неговата тренерска кариера до сега ниту еден освоен сениорски медалтој без да покаже респект кон многу поуспешните и неспоредливо позаслужни селектори и тренери со неспоредливо повеќе освоени медали, самиот си направил свое рангирањеи при тоа со отсуство на срам,изјавува дека тој е најдобриот тренер и селектор и дека како таков бил рангиран од страна на КФРСМ.

Јас во мојата реакција укажав на податокот дека, кога спортистите сениори кои се репрезентативци работеа со своите клупски тренери и по свои програми и планови тие освојуваа медали, на двете последни првенства европско и светско сениорско 2023 год, кога спортистите во целост ја испочитуваа програмата и планот од селекторот и кога последните недели работеа со овој тренер и селектор, резултатите беа под нивото и со катастрофален финален учинок. Впрочем затоа и реагиравме и јас и тренерите од Штип.

МОК (Македонскиот Олимписки Комитет), за индивидуалните боречки спортови има Правилник по кој, само клупскиот тренер може да го води Олимпискиот кандидат на натпревари кои се во нивна организација. Клупскиот тренер е најзаслужен за освојување на медал, но кога клупските тренери се отстранети и со нив не се соработува, тогаш неуспесите и критиките паѓаат на товар на селекторите. КФРСМ поради своја политика го прави спротивното и затоа има голема тренерска демотивираност се прават раздори и растат незадоволствата кај клубовите, спортистите и тренерите.

За да бидат појасни работитеи Александар да знае каде му е местото, и во иднина да не биде по народната “Ем шуто ем боде”во Табеларни прикази ги даваме сите врвни резултатски постигнувања на Македонските тренери од постоење на федерацијата до денес со цел да се избегне бесрамното преставување на овој селектор и тренер како најдобар во КФРСМ.

Овој пат ќе се задржам само на најважните натпревари, тоа се Официјални светски и европски првенства светски и европски игри“.

Табела број 1: Тренерски постигнувања и освоени медали од официјални Светски и Европски првенства и Светски и Европски игри на спортови

„По комплетната статистика на освоени медали од табела број 1 Александар Кузмановски во досегашна тренерска кариера нема освоено сениорски медал од официјални највисоко рангирани првенства. По број на освоени медали тој е на 4 (четвртата позиција), но бидејќи тренерите Арлинд Хусеини и Сашко Патраклиев имаат освоено сениорски медали а тој нема,тоа значи дека тој е на 6 (шестата позиција) во сениорска конкуренција на успешни тренери“, објаснува Заборски.

Табела број 2: Официјални Светски универзитетски првенства и Европски универзијади

Селекторот Александар Кузмановски во демантот до Бошко Заборски објавен во на страната на КФМ, а го пренесе Нетпресс.цом.мк истакна:

„Ја известувам јавноста дека Александар Кузмановски како селектор на сениори во Карате федерација на РС Македонија и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби, не направиле никаква неправилност или непрофесионалност во врска со настапот на сениорската карате репрезентација на Македонија на неодамна одржаното светско првенство во Будимпешта како што изјави Карате клубот „Макпетрол“ и тренерот на КК „Макпетрол““.

„Ве известувам дека субјективните наводи кои се изнесени од страна на Карате клубот „Макпетрол“ и тренерот на КК „Макпетрол“, Бошко Заборски, дека се работи за таканаречен стручен тим, дека не се вклучени најдобрите тренери и клубови, дека се поставија и назначија тренери кои немаат постигнато никакви позначајни спортски резултати се еднострани и целосно невистинити“.

Понатаму во реакцијата Кузмановски вели:

„Ова од причина што Александар Кузмановски на позицијата селектор на Македонската карате репрезентација ги има постигнато најголемите резултати во историјата на македонскиот карате спорт и во делот на младинци најголемиот и единствен спортски резултат на ниво на Македонија во сите спортови на младинска олимпијада (Сениорски медал сребрен со Емил Павлов на Светско првенство во Дубаи ОАЕ 2021 и Младински медал бронза со Фахик Весели на Олимпијадата во Буенос Аирес Аргентина 2018 година) со што неспорно како селектор на македонската карате репрезентација е рангиран како најдобар селектор по резултати во рамките на КФРСM. За сите останати постигнувања на Александар со стручниот тим е запозната целата јавност и не би ги набројувале сите.

Резултатите од спортските натпревари зависат од целокупната организација, квалитет, тимски дух, целосна посветеност, ангажираност и соработка на матичните клубови, јасно поставени приоритети за заеднички успеси, техничко тактички варијанти и сл, поради што изнесување на невистини за некаква наводна нестручност и дека само тоа е резултат за непостигнати очекувани резултати со цел да се наруши угледот на одделни личности не допринесува позитивно за ниедна страна, а особено за КФРСМ.

Го повикувам Карате клубот „Макпетрол“ и тренерот на КК „Макпетрол“ Бошко Заборски да престанат со било какви невистинити и нецелосни изјави наменети за пренесување преку медиуми со кои негативно се поврзува Александар Кузмановски како селектор на сениори во Карате федерација на РС Македонија и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби и се создава погрешна слика во јавноста.

Се поставува прашањето. Кога ќе освои медал натпреварувачот кој е заслужен тренерот на клубот или селекторот? Кога ќе изгуби натпреварувачот кој е одговорен тренерот на клубот или селекторот?

Продолжуваме да работиме концентрирани и фокусирани на битните цели без престан и тимски уште понапорно и поупорно за следните престојни државни, балкански и европски првенства во 2024та година со цел да ја продолжиме традицијата на постигнување на резулатати на македонското карате, напиша Кузмановски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО