Конор треба да се извини за нападите кон Дагестан

Конор Мек Грегор ќе треба да објасни.

Поранешниот шампион во лесна категорија се бореше против Хабиб Нурмагомедов во 2018 година, но за да стигне до неа упати многу лични навреди кон „Орелот“, меѓу кои и неговото семејство и татковината.

Ова воопшто не му се допадна на непоразениот во петел категоријата, Мохамед Мокаев, кој минатата недела потпиша договор со УФЦ и се очекува да дебитира на почетокот на 2022 година. „Панишер“ има 6-0 и би сакал со „Мистик Мек“ да разговара во октагонот.

„Ми испрати порака кога се борев во март и ми посака среќа. Му се заблагодарив, но искрено сакав да го прашам зошто толку лошо зборува за Дагестан“, рече Мокаев и додаде:

„Навистина сакав да го прашам. Зошто зборува така за нашите луѓе? Сакам да го видам лице в лице. Сакам да ја видам неговата енергија, бидејќи менаџерите и сите околу мене велат дека тој не е истиот. Затоа сакам да го почувствувам тоа лично. Не сакам никому ништо да докажувам. Не мора ни да биде пред камера“.

https://www.youtube.com/watch?v=PPwykV5YKMk&feature=emb_title

По поразот од Нурмагомедов во УФЦ 229, Мек Грегор се степа со некои од соборците на Хабиб, што само долеа масло на огнот.

Затоа непријателството меѓу Мек Грегор и Дагестанците останува до ден денес.

„Сакам да го прашам за моите луѓе. Бизнисот е бизнис, но татковината е дом, нели? Сакам да го прашам зошто зборува глупости за сите. Едноставно, избери си некого да се зајадуваш и нему кажи му што и ма да му кажеш. Не зборувајте за цела нација. И во Ирска има добри и лоши луѓе. Мојот боксерски тренер е Ирец. Не можеш да кажеш „Дагестанците се злобни“. Не може така да зборуваш. Не е во ред. Тој мора да се извини за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО