Конор му ја скина главата со удар (ВИДЕО)

Ирскиот ММА борец, поранешниот шампион на УФЦ во две категории, Конор Мек Грегор, ја демонстрираше својата техника на снимањето на следната сезона на боречкото реално шоу Ултимејт фајтер.

Мек Грегор изведе спектакуларен удар од вртење на кукла од пена чија глава буквално излета од октагонот.

Потсетуваме дека Конор заедно со Мајкл Чендлер станаа тренери во новата, 31-ва последователна сезона на ТУФ. На крајот на сезоната борците ќе имаат пресметка во полусредна категорија.

Ова ќе биде прва борба на Мек Грегор од јули 2021 година, кога Ирецот загуби со ТКО од Дастин Пориер. Вкупно, Ирецот има 22 победи и шест порази во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON