Дана Вајт: Израел Адесања би можел повторно да се бори пред крајот на летото (ВИДЕО)

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, призна дека шампионот во средна категорија, Израел Адесања, би можел да се врати во октагонот пред крајот на летото, и покрај фактот што си го врати појасот од Алекс Переира пред само неколку недели.

„Овој човек веќе во Мајами почна да прашува кога ќе биде неговата следна борба. Го сакам тоа за Израел Адесања. Сака да се бори постојано и против сите. Работиме на тоа и тој ќе се бори наскоро, можеби дури и пред крајот на летото“, рече Дана, пренесе ММА Џанки.

„Стилбендер“ веќе го предизвика Јан Блахович, иако Полјакот се натпреварува во полутешка категорија. Сепак, изјави дека е подготвен да му даде реванш на Адесања и тоа во неговата шампионска дивизија. Минатиот пат двајцата се бореа во потешка категорија и резултатот беше победа за Јан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО