Конор си ја скрши ногата по удар во задникот на Пориер? (ВИДЕО)

Се појави ново видео на кое се гледа како Конор Мек Грегор добива фрактура на ногата по ударот во грбот на Дастин Пориеr. Минатиот викенд во Лас Вегас ја видовме нивната трета борба која заврши со сериозна повреда. Мек Грегор ја скрши ногата на крајот од првaтa рунда и загуби со ТКО, односно прекин од лекарот. Многу луѓе објаснуваа како точно Конор си ја скршил ногата и што ја предизвикало повредата.

Џон Каванаг, неговиот долгогодишен тренер, изјави дека Мек Грегор имал повреда на скочниот зглоб за време на кампот пред борбата. Каванаг верува дека фрактурата се случила по ударот на Конор кој Пориер го блокирал со лактот. Пориер, пак, верува дека фрактурата се случила по ударот што го блокирал.

Сепак, на социјалните мрежи се прошири ново видео со нова перспектива на случајот. На видеото можеме да видиме како Конор го удира Пориер во задникот, а веднаш после тоа неговата нога се извртува доста чудно.

Дефинитивно по овој удар се јавува фрактура на коската, а секунди подоцна фрактурата станува уште побрутална, бидејќи Мек Грегор чекори со целата своја тежина на веќе скршената нога.

Се разбира, секој има свое мислење и гледна точка, но видеото што ќе го видите подолу покажува гледна точка што дури сега ја гледаме. Погледнете за што станува збор:

Друго видео покажува како Пориер го блокира ударот на Мек Грегор со лактот неколку секунди по ударот на Конор во задникот на Дастин. Погледнете го ова видео и проценете сами:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО