Една од најголемите sвезди на боречките вештини во моментов – Конор Мек Грегор засекогаш ја пречкрта со дебел фломастер можност да се пресели на бејзбол терен. Ова се случи откако поранешниот двократен светски шампион на УФЦ учествуваше на натпреварот меѓу Чикаго Кабс и Минесота Твинс на МЛБ во САД.
Ноториус беше поканет да го направи почесното „прво фрлање“ за време на судирот. И резултатот од постапките на Ирецот е во најмала рака смешен.
Конор се обиде да фрли брза топка, но наместо да доде на фаќачот, за малку ќе погодеше еден од навивачите во негова близина. Додавањето беше толку неточно што прекуокеанските безбол експерти побрзаа веднаш да го „откажат“ договорот на Мек Грегор со тимот на Чикаго.
Conor McGregor, Mechanics. pic.twitter.com/j1brsqFFXx
— Rob Friedman (@PitchingNinja) September 21, 2021
Тој самиот иронично гледаше во неговите вештини.
„Ова е најлошото прво фрлање што го виделе на Вригли Филд! Но, јас сум среќен. Мислам дека немаше голема разлика во силата во споредба со професионалците. Имаше само недостаток на точност“, рече Конор.
Мек Грегор додаде дека се обидел да остави впечаток, но не во насока каде што оделе коментарите.
„Имаше две опции – да го исфрлите лесно и пријателски, или да се обидете да го извадите „противникот “од игра. Ако оваа топка ја погодеше целта, ќе беше проблем за противникот“, се смее ѕвездата на УФЦ.
Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) on his first pitch: "The most devastating first pitch ever seen! The venom is there, the power is there." pic.twitter.com/GTZQDqUbeU
— The Mac Life (@TheMacLife) September 22, 2021