Конор се враќа во почетокот на 2020 година

Конор Мек Грегор ќе се врати во октагонот во 2020 година, изјави претседателот на УФЦ, Дана Вајт, во разговор со обожавателите на ММА на нивната официјална страница на Твитер.

Газдата не успеа да даде точен датум за враќањето. Вајт во неколку наврати известуваше дека Мек Грегор повторно ќе се бори, но од една или друга причина, овие средби не успеаја.

„Конор напиша за меч во Даблин на 14 декември“, рече Вајт.

„Точно тогаш имаме турнир во Лас Вегас. Ако не се бори на него, тој најверојатно ќе се врати кај нас во почетокот на годината“.

На 14 декември ќе се одржи УФЦ 245. Засега е познато дека ќе се борат двајца шампиони Аманда Нунес – Макс Холовеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON