Конор се надева дека малку ќе се побори со Хабиб пред да го нокаутира

Конор Мек Грегор ќе се бори со Хабиб Нурмагомедов за титулата во лесна категорија во главната борба на УФЦ 229 овој викенд.

Озлогласениот во неодамнешно интервју откри дека се надева да не нокаутира брзо дагестанеца.

„Стојот ќе ми биде клучен. Но се надевам дека и малку ќе се побориме. Не сакам да влезам внатре и да го нокаутирам набрзина. Слушам многу луѓе велат дека се борам само во стој, со левата рака и тоа не ми се допаѓа“.

„Имам многу различни вештини во  мојот арсенал. Се надевам дека ќе имам можност да демонстрирам дел од нив и да направам една навистина интересна средба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО