Конор Мек Грегор го очекува првата борбата со Доналд Цероне на прес-конференцијата изјави дека целта во животот не му е да доминира во ултимејтфајтот, туку да – стане милијардер.
На 18 јануари се бори против Доналд Цероне во подглавната борба на вечерта на УФЦ 246 во Лас Вегас.
„Против Хабиб заработив 50 милиони долари, а сега од пресметката со Цероне ќе добијам 80 милиони. Планирам до 35 години да бидам – милијардер!“, вели Мек Грегор.
Ирецот во оваа 2020 година покрај првата борба, планира уште две за да стигне до појасот, ама тоа значи и уште поголема заработка на контото.
„Ќе биде возбудлива борба, Посебно сум возбуден и среќен сум што ќе се вратам во октагонот. Ќе биде тоа сјајна вечер, а повторно ќе блеснам и ќе направам магија во октагонот. Овојпат ќе биде нешто посебно“, додава Мек Грегор.
Речиси се пред договор за нов меч со Флојд Мјеведер, а тоа подразбира и големи пари.