Поминаа три години откако последен пат го видовме Конор Мек Грегор (22-6) во октагонот на УФЦ, а по неуспешната организација на мечот со Мајкл Чендлер (23-8), расположението во ММА заедницата значително се промени. Сепак, тој постојано вели дека повторно ќе се бори за синџирот, додека Дана Вајт е далеку повнимателен во своите изјави.
Извршниот директор на организацијата во разговор со навивачите, цитиран од ММА Фајтинг, изјави дека „Ноториус“ нема да добие нов противник додека самиот не се увери дека е целосно здрав и подготвен за акција.
Дебаклот на УФЦ 303 сè уште тежи на имиџот на компанијата, и покрај големите настани на УФЦ 300 и УФЦ 306, ретко кој во администрацијата е подготвен повторно да го помине истиот кошмар во догледна иднина.