Конор: Неактивноста и недостатокот на борби му кумуваа на поразот (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор филозофски го прифати поразот од Дастин Пориер, препишувајќи го тоа на недостатокот на натпревари во последната година.

Пред судирот со „Дијамант“, Ирецот последен пат се бореше со Доналд Цероне во јануари 2020 година, а потоа најави и повлекување од спортот. По враќањето, Конор не успеа да победи по втор пат против Пориер, но вети дека ќе се врати во кафезот што е можно поскоро, бидејќи сака повеќе мечеви.

„Ниските удари (лоу киковите) беа многу добри, оној во препоните беше многу добар. Ногата ми се вкочани и тогаш едноставно не се чувствував пријатно. Ова се должи на недостаток на борби. Но, Дастин е голем борец. Ако инвестирате доволно време тука, ќе се чувствувате пријатно. Треба да ја исчистам прашината и да продолжам понатаму. Секако дека ќе ме видите во следните неколку месеци. Луѓе, ми треба акција. Во овој бизнис нема да те одмине, ако не си активен. Се чувствувам добро, вложив многу напор, горд сум на тоа. Ќе видиме што ќе направи мојот табор. Сега ќе се вратам во хотелот со моите деца, малку ќе се одморам и ќе се престројам. Тоа е тоа“, изјави Ирецот по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО